Пратеничката од редовите Социјалдемократската партија на Црна Гора (СДП), Драгиња Вуксановиќ Станковиќ, денеска направила лапсус во парламентот, кој набрзо се проширил на социјалните мрежи.
Имено, таа наместо секуларни, рекла сексуални држави, што автоматски предизвика реакции и во салата на Парламентот на Црна Гора, но и на Твитер.
„Кој го пишува законот за сексуалната … секуларната држава“, започнала пратеничката, но набргу се поправила.
Како претставник на опозицијата, Станковиќ денес му рекла на мандатарот за состав на новата црногорска влада дека тој не е „српски крал и дека Црна Гора не е српска држава“.
Таа исто така му порачала на мандатарот да не ја враќа Црна Гора во средниот век, клечејќи и бакнувајќи ги рацете на свештениците.
„Владата со програма од четири „С“ нема да ја дозволам“, изјавила таа.
Инаку, откако мандатарот за состав на новата црногорска влада вчера ја претстави програмата на новата влада, вчера и денес пратениците ги коментираа најавените чекори. Остра полемика меѓу лидерот на УРА, Дритан Абазовиќ и пратениците на ДПС го одбележа вториот ден на контроверзии во црногорскиот парламент.