Тејлор Свифт им овозможи на фановите накратко да слушнат една од нејзините преснимени песни во видео клип што се појави на реклама за апликација за запознавање што ја креираше нејзиниот пријател, актерот Рајан Рејнолдс.
Свифт е во процес на повторно снимање на нејзините први шест албуми, откако музичкиот магнат „Скутер Браун“ ги продаде правата за нив.
Во средата на Твитер се појави клип од новата верзија на нејзината песна Love Story („Љубовна приказна“) од 2008 година, објавен како реклама на апликација за запознавање
Пејачката потврди дека, „иако новите снимки не се готови, таа работи напорно за да ги објави наскоро.