Русија денеска ќе достави 20 дози од својата вакцина против коронавирус „Спутник 5“ до Српската агенција за лекови и медицински помагала (АЛИМС) за лабораториско тестирање, пишува „Новости“ и потсетува дека е предадена документација за регистрација и на вакцината што ја развија „Фајзер“ и „Бионтек“.
АЛИМС соопшти дека сите постапки во врска со контролата и регистрацијата на потенцијалната вакцина ќе се спроведат што е можно поскоро, бидејќи сите подготовки за тоа се веќе завршени.
Отворена е и можноста за заедничко руско-српско производство на „Спутник 5“, за што премиерката Ана Брнабиќ разговарала со рускиот министер за индустрија и трговија, пренесува „Новости“.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претходно најави дека можно е вакцинацијата да почне пред Нова година, а први што ќе ја примат вакцината ќе бидат здравствените работници