На 03.12.2020 околу 00.15 часот, во гостиварско Неготино, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 20-годишниот Е.Е. од ова село, поради сомнение за „фалсификување пари”.
Тој истата вечер околу 20.40 часот на бензинска пумпа на излезот од Гостивар при наплата употребил фалсификувана банкнота од 100 евра, а случајот во 21.55. часот во СВР Тетово го пријавил С.Р.(46) од Гостивар.
Се работи на документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.