Данска во услови на пандемија од денеска до 20 декември домаќин на ракометното ЕП за жени

Од денеска па до 20 декември во данска ќе се одржи Европското ракометно првенство за жени. Поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, ко-организаторот Норвешка се откажа од гостопримството на репрезентациите кои изборија настап на завршницата од ЕП, па Данска ја прифати улогата да биде организатор на комплетната манифестација.

И репрезентациите кои изборија настап на завршницата се соочија со бројни проблеми поради коронавирусот. Некои селекции допатуваа со изменети состави, други немаа можност да тренираат, трети поради пандемијата подоцна пристигнуваат… И во вакви изменети услови, наметнати од коронавирусот како фаворити за освојување на титулата се вбројуваат олимпискиот шампион Русија, светскиот првак Холандија, на кои ќе им пркосат  Норвешка. Франција, Шпанија и домаќинот Данска.

ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА:
18.00 часот: Романија – Германија

18.15 часот: Русија – Шпанија

20.30 часот: Норвешка – Полска

20.30 часот. Шведска – Чешка

Треба да знаете
Последни објави