Оваа година катастрофално почна, не се сите пунктови отворени, а просечната цена е многу ниска, меѓу 140 и 170 денари, рече денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, одговорајќи на новинарско прашање каква е состојбата со откупот на тутунот. Според Димковски, за утре е закажана средба на производителите и преработувачите со министерот за земјоделство, а до понеделник, согласно информациите од терен, би требало да отворат сите пунктови за откуп.
-Решение мора да се бара. Ова е неочекувано, зошто се тргна со волку ниска цена, иако откупувачите најавуваа залихи и дека реколтата е со полош квалитет. Ситуацијата е необјаснива и мора да се утврди причината зошто откупот почна со толку ниски цени. Поголемите фирми ги имаат отворено пунктовите, но добар дел се уште не. Најават е дека од понеделник треба да бидат отвоени сите, потенцира Димковски по денешната средба со одгледувачи на крави, овци и кози во Штип