,,Ние правиме се да не дојде до вето, се што е во духот на добрососетките односи, ние веруваме во Договорот за соработка, да настапиме умно со мудра стртарегија, да покажеме дека сме конструктивни. Не можам да предвидам до каде ќе оди Бугарија, може ќе оди до крај, но ние сите орудија кои ни се на рапсолагање ќе ги користиме. Едно мора да се знае, и да се случи вето ние ќе продолжиме да разговараме затоа што немаме друга алтернатива за иднината од Европската Унија:“ – изјави поранешниот заменик министер за надворешни работи, Андреј Жерновски. Тој дополни дека јазикот и идентитетот не се тема на преговорите, туку други отворени прашања. „Нема цена, за јазикот и идентитетот не се разговара, тие две прашања се затворени. Нашата стратегија е седнување и разговареање, само тоа е начин да дојдеме до решение. После да видиме што му пречи на соговорникот и да зборуваме и за тоа. Има многу прашања, но јазикот и идентитетот не се тема. Зборуваме пред се за имплементација на Договорот. Само со пријателство и добри односи ќе ја добиеме иднаната која ја посакуваме.“- рече Жерновски.