Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска ги прими членот на Бордот на директори на австриската Штаермаркише Шпаркасе Банка д-р Георг Бухер, кој воедно е и претседател на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија, и претседателот на Управниот одбор и генерален извршен директор на Шпаркасе Македонија, д-р Глигор Бишев.
На средбата беше поздравено спојувањето на Шпаркасе Банка Македонија со Охридска Банка како најголема бизнис инвестиција во регионот во 2019 година, со што Штаермаркише Шпаркасе стана четврта најголема банкарска групација во Северна Македонија со пазарно учество од околу 14%.
Премиерот Заев ова окрупнување и присуството на австриската банка Шпаркасе Банка Македонија го оцени како особено позитивен сигнал и порака за инвеститорите за стабилниот финансиски сектор во Република Северна Македонија.
Во разговорот за време на средбата беше истакнато дека процесот на спојување на двете банки е значајно поддржан од институциите во земјата, односно од Народната банка на Република Северна Македонија, од Комисијата за хартии од вредност и од министерствата за финансии и економија.
Со почит,