Македонија вториот квалификациски турнир за кошаркарското ЕП ќе го игра во Перм

Македонската кошаркарска репрезентација иако отпатува во Талин, не ги одигра квалифиакциските натпреаври од групата за пласман на Европското првенство, бидејќи имаше позитивни на коронавирусот во своите редови. Македонија го прескокна ноемврскиот „балон“ во Талин каде требаше да игра со Италија и Естонија. Во очкеување на новит термини за одложените средби од ФИБА стигна веста каде ќе се игра вториот квалификациски турнир од „Б“ групата.

Тоа ќе биде Русија поточно Арената „Молотов“ во Перм каде во периодот од 19. до 21. февруари ќе се одиграат средбите Македонија-Русија, Италија-Естонија, Македонија–Италија и Русија-Естонија.

Можно е и одложените ноемвриски средби на „црвено-жолтите“ да се одиграат во Перм.

Треба да знаете
Последни објави