Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој се зарази со коронавирусот и се наоѓа во самоизолација, се чувствува добро, а вицепремиерот и министер за одбрана Томо Медвед, кој е назначен да го замени премиерот доколку е потребно, вели дека верува оти Пленковиќ ќе се врати на работа следната недела.
Медвед изјави за загрепскиот весник „Јутарњи лист” дека Пленковиќ сите работи ги извршува од дома.
– Сè што прави премиерот, тоа го прави и сега. Премиерот Пленковиќ управува со сите процеси, претседава со Кабинетот, како и со седницата на Владата. Тој ги водеше сите состаноци што ги имавме, како и средбата со префектите, рече Медвед.