Државниот пазарен инспектор во петокот, за време на акцијата „Black Friday” изврши инспекциски надзори во моловите на територија на цела држава. Неправилности и големо отстапување немаше. Ова на денешната прес-конференција го соопшти раководителот на Инспекциски надзор Скопје Мери Проја Продановска, одговарајќи на новинарско прашање колку и какви неправилности имало за време на „Black Friday”.
-Во моментот се обработуваат уште некои постапки во делот на попустите што беа забележани на „Black Friday”, рече Продановска.
Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Иринка Бухова – Сотирова, пак, изјави дека немаат ингеренции да постапуваат по санкционирање на мерките во однос на почитување на ЛЗО-опрема (лична заштитна опрема) во моловите и сите правни субјекти кои ги инспекторира ДПИ.
На новинарско прашање дали се вршат редовни контроли во маркетите во Скопје, Продановска рече дека Државниот пазарен инспекторат врши контроли и во маркетите низ цела држава, не само во Скопје.
Од почетокот на пандемијата па до денес, како што рече, се воочени неправилности низ цела држава и имаме доставено околу 80 прекршочни платни налози. Додаде дека секојдневно ја следат ситуацијата.