Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со Сирил Бoмгартнер, амбасадор на Република Франција. На средбата, како што соопшти Министерството за здравство, се разговарало за предизвиците од корона вирусот, со кои здравствените системи се соочуваат насекаде во светот, биле разменети мислења за товарот што македонскиот здравствен систем го носи во борба со Ковид 19, кога дури и на здравствените системи во развиените земји им е тешко да се справат со вирусот.
Се дискутирало и за понатамошна поддршка и соработка во здравствениот сектор во насока на зголемување на квалитетот на здравствени услуги на пациентите.
Министерот за здравство се заблагодарил за помошта која Франција и ја даде на нашата земја за време на кризата, односно донацијата во опрема за лична заштита на медицинскиот персонал од Ковид 19.