Градоначалникот на Општина Гостивар Арбен Таравари соопшти дека е инфициран со корона вирусот. Тој веста за неговиот позитивен ковид тест ја соопшти на својот профил на Фејсбук.
„Почитувани пријатели и колеги, штотуку го добив резултатот од тестот и се покажа дека сум заразен со вирусот SarsCov-2.Мојата информација има за цел да помогне во епидемиолошката истрага и на влијанието да ја подигне свеста што е можно повеќе за спроведувањето на мерките. Сите сме во ова оро, никој не може да се заштити сам … со тоа што не спроведуваме анти-ковид мерки, своеволно се претвараме во оружје еден за друг. Јас ке бидам под силен надзор на лекарите, и благовремено ќе ве информирам за сè. Чувајте се! Срдечно, Арбен Таравари, напиша Таравари во својата објава на фејсбук.