Игор Јанушев, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во жестока дебата со Андреј Жерновски потенцираше дека не е решение ако прифаќаме се што други ќе ни понудат. Рече дека ќе продолжат протестите, зошто нема да дозволат распродавање на државата.
„Најверојатно не е само Бугарија пречката за тој фамозен датум. Имаме договор со Бугарија кој и тие го прифатиле. Видоа Бугарите дека имаат човек подготвен на се и едноставно таа политика која ја водат Заев и СДСМ, придонесува за тоа секој да си прави со нашата државата што сака.“ – рече Јанушев.
Како опција на напуштање на Собранието и поднесувањето на интерпелацијата на влада, Јанушев рече дека тоа не оди заедно и ако има промена на став, тие ќе одлучат дали ќе продолжат со протестите. Потенцираше дека воопшто не е важно кој сега би бил градоначалник на Штип, зошто во моментот тоа е центарот на ковид 19 и смета дека сега е непотребно да се трошат пари на избори, а немаат кревети и кислород. Јанушев потенцираше дека состојбата со коронавирусот е влошува, додека власта мисли на избори и тие не бегаат од избори.
„За кое бегање од избори? За да дополнително им го загрозиме здравјето? Онлајн наставата е катастрофа, школската година ја утнаа, за финансиите и ситуацијата со буџетот да не ги отварам тие теми.“ – рече Јанушев.
Во врска со мешовитата комисија смета дека историјата треба да се оствари на историчарите. Историјата не може да биде нешто врз кое ќе ја градиме иднината. Треба да се продолжат разговорите, но без условување за да добиеме нешто.
„Билатералните проблеми на државите на ЕУ никогаш не биле предмет на вакви уцени и тоа ЕУ нема да го толарира. Национализмот го потикнува национализмот.“ – рече Јанушев.