Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџјан Алиоски ја одработува последната година од догворот со англискиот премиерлигаш Лидс. Медиумите на Островот, најавуваат дека Лидс која сезонава избори нов настап во премиерлигашкото друштво ќе му понуди нов договор до крајот на месецов за продолжување на соработката. Алиоски според медиумите ќе доби понуда за четиригодишна соработка со неделна плата од 30.000 фунти. Алиоски по пристигнувањето во Лидс од редовите на швајцарскиот Лугано има одиграно 142 меча за Лидс, од кои девет сезонава во Премиерлигата.
-Сѐ уште ништо не се случило. Тука сум, секако до последен ден, кога ќе ми истече договорот со Лидс. И не ни размислувам дека јас би заминал од Лидс. Мојата глава е концентрирана само на Лидс. Но, што ќе се случи – ќе се случи на крајот, вели Алиоски за англиските медиуми.
Македонскиот репрезентативец идното лето ќе настапи на Европското првенство. Затоа не сака пред историскиот настап со македонската репрезентација да се оптоварува со клупски ангажмани. Желба му е да остане во Лидс.
-Сакам да останам во Лидс. Но, ова се работи за кои други луѓе треба да менаџираат. Јас едноставно сакам да уживам во секој момент додека сум тука. Тука сум, сакам да сум фокусиран само на фудбалот. Гледам дека по медиумите има сѐ за другите работи, ама ништо не се случило засега. Јас сум тука секој ден максимално сериозен, ама и секој ден во кој уживам во Лидс, додава Алиоски.