Се што ВМРО-ДПМНЕ прави овде во Собранието, но и надвор од него е дејствување спротивно на интересите на граѓаните, спротивно на националните и државни интереси.
3.000 амандмани, најмногу од нив апсурдни и нелогични, поднесе ВМРО-ДПМНЕ заедно со другите опозициски пратеници за измените на Деловникот за работа на Собранието.
Над 500 амандмани се поднесени за измените на Законот за здравствена заштита.
Сето ова се очајни обиди за блокада на работата на Собранието. Ова е деструктивно дејствување спротивно на интересите на граѓаните чии претставници сме сите ние.
Овој обид за блокада се надоврзува на обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за поткопување на државните позиции.
Овој обид за блокада на Собранието е само продолжение на опструкциите што ВМРО-ДПМНЕ со месеци ги прави врз здравствениот систем и борбата против коронавирусот.
Ова, почитувани граѓани е се што нуди ВМРО-ДПМНЕ. Работа против интересите на граѓаните, поткопување на меѓународната позиција на државата, поткопување на здравствениот систем и погазување на трудот на здравствените работници.
Граѓаните, целата јавност ова го гледа и го цени. Затоа ВМРО-ДПМНЕ трипати по ред е казнето од граѓаните на избори, затоа Мицкоски е во опозиција и уште долго ќе остане таму.
Колку и да се обидуваат, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да успеат да ги блокираат реформите, да го блокираат напредокот на државата.
Реформскиот процес во интерес на граѓаните и државата продолжува.