Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ
„Белата палата зад мене е седиште на партија во стечај која тоне во долгови. Недомаќинското и расипничко работење на оваа партија доведе до блокирани сметки и замрзнат имот.
Извршителите тропнаа на вратата на ВМРО-ДПМНЕ поради неплатени долгови направени за околу 270 уметнички слики во позлатени рамки со мотивите на поранешното криминално раководство на оваа партија. Луксузот во овој бел дворец завршува како и секое криминално луксузирање.
Почитувани граѓани, Во времето кога оваа партија 11 години се богатеше и се расфрлаше со државните пари, граѓаните беа соочени со сиромаштија и борба за опстанок. Раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Мицкоски покажува неспособност за менаџирање на сопствените средства. И денес, без срам и перде овие расипници и недомаќини се уште имаат амбиции да ја водат државата и да располагаат со државниот буџет.
Но покрај таквите амбиции, ВМРО-ДПМНЕ треба да даде одговор и на прашањето каде се парите? Дали и во чии џебови завршиле? Особено што политичките партии добиваат и буџетски средства, пари од државата како помош во работата. Оваа партија која важеше за најбогата партија во Европа, денес тоне во долгови, затоа што Мицкоски е неспособен. Граѓаните веќе го препознаваат расипничкиот однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, и затоа губат на избори и ќе останат длабоко во опозиција.