Од денеска па до 20 декември во данска ќе се одржи Европското ракометно првенство за жени. Поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, ко-организаторот Норвешка се откажа од гостопримството на репрезентациите кои изборија настап на завршницата од ЕП, па Данска ја прифати улогата да биде организатор на комплетната манифестација.
И репрезентациите кои изборија настап на завршницата се соочија со бројни проблеми поради коронавирусот. Некои селекции допатуваа со изменети состави, други немаа можност да тренираат, трети поради пандемијата подоцна пристигнуваат… И во вакви изменети услови, наметнати од коронавирусот како фаворити за освојување на титулата се вбројуваат олимпискиот шампион Русија, светскиот првак Холандија, на кои ќе им пркосат Норвешка. Франција, Шпанија и домаќинот Данска.
ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА:
18.00 часот: Романија – Германија
18.15 часот: Русија – Шпанија
20.30 часот: Норвешка – Полска
20.30 часот. Шведска – Чешка