Европската перспектива на земјите од Западен Балкан, била една од темите за кои разговарале шефовите на грчката и бугарската дипломатија, Никос Дендиас и Екатерина Захариева, во нивниот телефонски разговор.
Во пресрет на Самитот на ЕУ следната седмица, министерот за надворешни работи на Грција изминативе денови е во континуирани контакти со неговите европски колеги, а телефонските разговори, од грчкото МНР, но и самиот Дендиас, ги соопштуваат преку „Твитер”.
-Телефонски разговарав со заменик- претседателката на Владата и министерка за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева во пресрет на Самитот за надворешни работи на ЕУ и Европскиот совет. Детална дискусија за последните случувања во Источниот Медитеран и поширокиот регион. Ви фокусот, исто така и ЕУ перспективата на Западен Балкан, напиша Дендиас на „Твитер”.