Ентони Дејвис потпиша нов петгодишен договор со Лос Анџелес лејкерс вреден 190 милиони долари.
Центарот пристигна во „Стејплс центарот“ минатата година и тоа по голема цена, бидејќи Лејкерс во Њу Орлеанс ги испратија Лонзо Бол, Брендон Инграм, Џош Харт и голем број пикови од драфтот.
Сепак, сето тоа се исплатеше, бидејќи Дејвис заедно со Леброн Џејмс го водеа тимот до шампионската титула. Веста дека Дејвис останува во таборот на Лејкерс доаѓа само еден ден откако Леброн Џејмс исто така го продолжи договорот на уште две сезони за 85 милиони долари.
Изминатата сезона Дејвис во плеј-офот имаше просек од 27,7 поени и 9,7 скокови по натпревар.