„Ние ќе се договориме со ЕУ, со НАТО, со Албанците, со соседите, но со ВМРО ДПМНЕ никогаш нема да се разбереме. Ние како држава денес имаме лична карта, ние сме Македонци што зборуваат македонски јазик. Така станавме пример во регионот, а бевме целосно изолирани во време на ВМРО ДПМНЕ. Деновиве се изнаслушавме глупости, прво опозицијата сака избори, а потоа не одат на избори. Сега локалните во Штип не ги сакаат, немало услови, ќе биле штетни по здравјето, ама затоа сакаат предвремени парламентарни и тоа веднаш. Каква небулоза е ова? Понатаму, партијата вели дека не оди на избори затоа што е опасно од Ковид 19, а претседателот на ДИК изјавува дека не постои шанса да се отвори кластер, тоа е нивен член во ДИК, на ВМРО ДПМНЕ.“- изјави Жерновски. Тој дополни дека со ваквата политика на ВМРО ДПМНЕ нема перспектива за државата. „И што јас денеска да слушам комитски говори на игор Јанушев, кога тие не одат на избори. Кога се одлучуваше за НАТО, ВМРО ДПМНЕ тврдеше дека имало седум држави кои се против членството, сега Милошоски, докажаниот бугарофил ќе не уверува дека имало и други држави, освен Бугарија, кои се против нас во ЕУ. Истиот тој Милошоски слави на гробот на Тодор Александаров заедно со подмладокот на Каракачанов со бугарско знаме и сега тој е главниот дипломат на ВМРО ДПМНЕ.“- рече Жерновски.