Во емисијата „Анализа 24“ на телевизија 24 Жерновски ги прозва Јанушев и Мицкоски да кажат и да не се кријат пет дена после објавената лага дека Северна Македонија се распрачува во Софија. „Водите политика на безнадежност и безперспектива, затоа ви се такви протестите. Слушам како СДСМ работел против државата, па вие петти ден не одговарате, викендот обвинивте дека се распарчува државата, кој ја распадна, како ја распарчи, кој посредувал, кој седел на таа маса. Молчите, а изјавата е кривично дело.“- рече Жерновски. Тој реагираше и на неконструктивното однесување на Јанушев за време на емисијата. „Како Груевски да дошол од Будимпешта и седнал во студиото. Погледај ме во очи, за која демократија ти ми зборуваш кога во ваше време немаше дебата на телевизии. 11 години се криевте од дебатирање. Оваа стратегија ваша со сеење страв со зборови дека умира државата и умира народот е погубна. Вие сте едно погребално друштво, немате стратегија за ништо, која е вашата алтернатива, тоа ве прашувам.“- му се обрати Андреј Жерновски од СДСМ на Игор Јанушев од ВМРО ДПМНЕ, во емисијата „Анализа 24“ на телевизија 24.