Градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети објави итна наредба, со која им се наложува на сите жители на градот да останат во своите домови поради зголемување на бројот на заразени случаи со коронавирус. Наредбата на градоначалникот стапи во сила веднаш.
Гарсети привремено ја повлече претходната наредба „Посигурни дома” и издаде нова „неопходна за заштита на животот и имотот” во градот.