Дваесет и осумгодишен дебранец, заработи кривична пријава откако полициските службеници кај него пронашле наркотични средства.
– Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Б.К(28) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштење во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекусори”, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.
Тој посочи дека при контрола извршена на 25 февруари годинава, полициските службеници кај Б.К. пронашле и одзеле хероин и марихуана.
Димовски истакна дека според статистичките податоци на ОВР Дебар, во изминатото деноноќие, на ова подрачје полициските службеници констатирале 18 прекршоци за неносење лична заштита на лицето или во изминатите денови од оваа седмица 42 прекршоци.
Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување ширење на заразната болест Ковид-19.