Манчестер јунајтед синоќа загуби на домашен терен од ПСЖ (1:3) во 5. коло од групната фаза во фудбалската Лига на шампионите. „Црвените ѓаволи” загубија 4 од 8 натпревари на домашен терен во сите натпреварувања оваа сезона.
За истакнувење е податокот дека Манчестер јунајтед загуби само 3 од своите 28 натпревари на „Олд Трафорд” минатата сезона.
Манчестер јунајтед, ПСЖ и Лајпциг имаат по 9 бода во Х-групата пред последното коло во Лигата на шампионите.