На вкупно 7183 сточари денеска им се исплатени 225 милиони денари за произведено и предадено млеко, соопшти директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски по средбата со одгледувачите на овци, кози и крави во Штип. Овие средства, нагласи Бабовски, се исклучително важи за фармерите зашто ќе им овозможат набавка на се што им е потребно за презимување на стоката.
-За неполн месец успеавме да исплатиме 377 милиони денари за втора и трета фаза предадено млеко со што и целосно ја затворивме исплатата по овој основ согласно Програмата 2019, нагласи Бабовски. Тој информира и дека од денеска до 25 декември 2020 може да се поднесуваат електронски барања за органско производство од Програмата 2020.-Продолжува неселктивната и навремена исплата на субвенциите за сите кои ги исполнуваат условите, подвлече директорот.
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски кој беше заедно со Бабовски во Штип, дополни дека за неколку дена ќе биде објавен огласот за плати за овчарите. Се размислува во Програмата за поддршка за идната година да се внесат стимулации за производство на говедско месо и за подобрување на квалитетот. Интерес кај сточарите за овој сегмент има, а според АХВ, такви фармски капацитети се околу 5.000 – 6.000.