Ќе форсирам да обезбедиме сигурност, безбедност која општината ќе ја нуди на граѓаните, на која граѓаните да можат да се потпрат, како кога за време на пандемија кога имаме во изолација цели семејства, самата општина излезе во пресрет и отвори две телефонски линии и со помош на волонтери им помага во набавка на намирници, лекови, плаќање сметки, било каква техничка помош.
Тој најави дека Штип ќе биде прва општина во државата која целосно ќе ги дигитализира услугите, а во врска со транспарентноста нагласи дека општината функционира со пари од граѓаните и ние имаме задача да одработиме за нив, да го осетат благодетот на општината.
Ако граѓаните ја дале довербата не смееме како СДСМ и Влада да дозволиме несоодветното работење да биде терк, туку целиот буџет треба да биде на располагање за секој граѓанин да види до каде се проектите, колку пари се потрошени, каде се потрошени, како се изработени проектите, истакна Николов.
Тој како приоритет во овој краток мандат најави изработка на проектна документација мапирање на висински пешачки патеки и за велосипедисти и тоа во населба Мазги, према Шардавамбаши, и рекреативна патека и поврзување на населбата Баби и село Караорман, уредување зелени површини во населбата Сењак, Чардаклија, Караорман, итн.
Николов најави поставување на дополнителни мерни станици за контрола на квалитетот на амбиенталниот воздух, со чии податоци ќе знаеме каде и што да работиме за решавање на проблемот со загадувањето, дали инвертори или со новиот гасовод.
Во врска со гасификацијата завршено е градежното одобрение и експропријацијата, гасоводните линии од 20 километри прво ќе бидат насочени кон јавните институции, училишта, градинки технолошко индустриските зони, индустриските капацитети, а потоа преку анкета и анализа до сите домаќинства да можат да користат еколошки и поевтин извор на енергија, нагласи Николов.
Тој најави поставување на контејнери за селекција на отпад на 30 нови локации и едукација на населението за селектирање на отпад.
Здрава и чиста средина значи здрав, квалитетен живот на нашите сограѓани, нагласи кандидатот на СДСМ за градоначалник на Штип Сашко Николов и ги повика своите сограѓани на 13 декември да го искористат своето демократско право на глас и да изберат легитимен градоначалник, со кој Штип останува да биде во сигурни раце.