Во последните 24 часа 1.126 лица се позитивни на коронавирус во Босна и Херцеговина, од 3.720 тестирани, а од последиците на вирусот починаа 38 лица. Вкупниот број на тестирани лица сега изнесува 284.504, додека ковид-19 е потврден кај 58.564 луѓе.
Во Федерацијата БиХ во последните 24 часа се излекувани 387 пациенти, со што вкупниот број на излекувани изнесува 38.922, додека 18.023 лица се активни случаи. Од последиците на ковид-19 во последните 24 часа починаа 19 лица.
Во Република Срспак се пријавени 19 смртни случаи, додека вкупниот број на излекувани пациенти изнесува 16.245, а тестирани се вкупно 135.421 лица.