Тренерот на италјанскиот фудбалски првак Јувентус, Андреа Пирло, откако го победи Динамо Киев во мечот од 5. коло во групата од Лигата на шампионите (3:0), истакна дека е задоволен од пристапот на играчите. Тој исто така го пофали напаѓачот Алваро Мората, кој постигна еден од головите.
– Ризикувавме на крајот на првото полувреме, но тоа е во ред. На овој турнир е невозможно да се доминира сите 90 минути играјќи против добри тимови. Тие се обидоа да го изедначат резултатот, а ние моравме да се браниме некое време, но во целина сум задоволен од пристапот на момците.
Мората пристигна во Јувентус многу млад. Тој се врати како многу позрел играч и личност по Мадрид и Лондон. Тој е среќен овде. Не е под притисок и ова му помага да ја покаже својата најдобра игра. Сакавме да го видиме во Јувентус и драго ни е што е тука, истакна Пирло.