Во изминатите 24 часа во САД е регистриран рекорден број на смртни случаи од коронавирус – 2.658, покажуваат податоците на Универзитетот Џон Хопкинс.
Според Универзитетот, дневниот просек на починати во САД во овој период изнесува 1.531 лице.
Во изминатото деноноќие во земјата се хоспитализирани и рекордни 100.226 пациенти заразени со Ковид-19.