Претседателот на Работната група за злосторства на ОВК и шефот на Комитетот на Собранието на Србија за Косово и Метохија, Милован Дрецун, рече дека има најмалку 159 логори под контрола на ОВК во Косово и Албанија, за кои има прецизна документација во работната група.
Според него, некои од нив не станале дел од обвинението на Специјалниот суд во Хаг, а врз основа на нив може да се очекуваат нови обвиненија.
Ние ги распределивме тие тајни, незаконски притвори во зоните на одговорност на ОВК, со цел да стигнеме до одговорните луѓе кои ги контролираа. Има луѓе кои управуваа со тие логори во кои мачеа и убиваа луѓе, а тука е и командната одговорност на командантите на тие оперативни зони на ОВК, бидејќи затворите се наоѓаа на нивна територија – рече Дрецун.
Според него, се работи за оеративните зони на ОВК се во Лаб, Шаља, Дреница, Неродимље, Паштрик, Дукаѓини и Карадак, заедно со локалитетот на северот на Албанија.
Во оперативната зона на ОВК во Лаб имаше 10 логори. Командант беше Рустем Мустафа со прекар Реми. Во зоната Шаља имало 13 логори, а командант бил Рахман Рама. Имаше 16 логори во зоната на ОВК во Дреница, а командант беше Сами Љуштаку, додека во зоната Неродимље регистриравме 18 илегални затвори кои беа под командна одговорност на Шукри Буја, како и на Бег Бајрам, а потоа на Мусли Исак кого го нарекуваа Черчиз.
Кога станува збор за оперативната зона на ОВК, Паштрик таму имаше најмногу, дури 37 логори, а командант беше Екрем Реџа. Во оперативната зона Дукаѓини имало 33 логори, а таму бил командант Рамуш Харадинај. Во зоната Карадак на ОВК имало 26 логори, а командант бил Исуфи Ахмет со прекар Редџа. Утврдивме постоење на шест тајни кампови во северна Албанија, рече Дрецун.
Тој изјави дека може да се очекуваат нови обвиненија врз основа на документацијата за тие кампови. Ако продолжат да поднесуваат обвиненија, тогаш командантите на овие зони се оние кои против кои треба да бидат поднесени обвиненија. Тие споменаа два логори во Албанија, но ние знаеме барем за шест. објасни Дрецун.
Тој потсети дека поради тоа, била формирана работна група во парламентот во Албанија, која треба да утврди дали се точни тврдењата на Дик Марти дека таму биле извршени злосторства.
Меѓутоа, тој што треба да ја предводи работната група веднаш рече дека ќе докажат дека таму немало кривично дело. Ова укажува дека целта на работната група е да негира дека биле сторени злосторства на територијата на Албанија, а со тоа да се избегне одговорноста на Албанија. Сепак, Албанија е вклучена во обвинението против Тачи и неговата група и е одговорна за сторените злосторства. Не може да каже дека не знаела што се случува на нејзина територија, дека нема контрола.
Тој смета дека тоа се прави заради меѓународната јавност, со цел да се обиде да се отстрани одговорноста од Албанија за злосторствата, бидејќи, како што рече, обвинението сериозно ја товари и самата Албанија.