Бојан Стојаноски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешното свое обраќање на протестот кој се одржа пред Владата под мотото „Оставка за Заев, слобода за народот“ побара оставка од Зоран Заев и специјалниот преговарач Владо Бучковски да престанат да ја распродаваат државата, да ги менуваат учебниците и историјата на Македонија.
„Добровечер почитувани присутни, народе на Република Македонија, и денеска сме тука пред владата на овој лажливец кој јасно си кажа дека ќе ги менува учебниците, затоа нека свети црвената боја нека светат баклите како желбата на македонскиот народ да си ја заштити државата. Погледнете каква симбиоза црвена светлина на црна ноќ.Црвената е за македонските градови и села и историја и оние кои што ги дадоа животите за гоцевите идеали.
Тука сме дојдени со една цел, да го спречиме оова што и се случува на Република Македонија, вчера зборувавме дека човекот со лепливи прсти специјалниот преговарач Владо Бучковски дека ќе ја превземе функцијата а денеска отишол во Софија, отишол да преговара за она што не се преговара. Отишле да преговараат и да договараат дека учебниците ќе се менувааат и дека ќе се менува историјата, хартијата трпи се, ама никогаш нема да можат да ги избришат жртвите, оние кои што ги дале животите во борбата против фашистичкиот окупатор. И тоа треба на сите да им биде јасно“ нагласи Стојаноски
Бојан Стојановски од протестот пред Владата на Република Македонија го повика македонскиот народ на сеопшто обединување и заштита на македонските национални и државни интереси.
„Македонски народе, ве повикувам на сеопшто обединување исто како Крушевскиот манифест за претседателот Карев, дасе обединиме сите во една цел, без разлика на пол, националност и вероисповест, оваа држава е држава на сите граѓани кои што живеат овде, ние друг дом освен Македонија немаме.
Ни земаа се, не понижуваа, ама душата каде што е Македонија не можат да ни ја земат, таму е македонскиот идентитет, таму е Гоце Делчев и сите оние кои што го положиле животот за Маекедонија, нив никој нема да ги избрише. Ние нема да го дозволиме тоа. Сакам јасно и гласно да им порачам, дека е доста и дека ќе протестираме пред сите институции денеска сме пред Владата, пред Министерството за неправда и пред министерството за надворешни работи. Утре ќе бидеме насекаде низ Македонија, сабота ќе бидеме низ Скопје, секој ден, овој народ се крева на нозе и секој ден овој народ кажува дека е доста, дека не сака да биде продаден. Идејата е бесмртна, да живее Република Македонија“ истакна Стојаноски