Седумкратната добитничка на „Греми“, Тони Бракстон, изгледа прекрасно во коктел фустан, креација на Ребека Валанс, во нова фотосесија што ја направи фотографот Џон Џеј Дејвисон.
„Се чувствувам многу благодарна за животот. Музиката ми помага да се поврзам со луѓе “, вели 53-годишната аренби дива за декемвриското издание на магазинот „Харперс базар Виетнам“.
„Најдоброто чувство е да знаете дека сте инспирирале многу луѓе. Сакам да настапувам, сакам да компонирам музика. Сакам да пеам.“
Тони откри дека порано страдала од лупус, хронична автоимуна болест, како и од микроваскуларна ангина за време на здравствена криза во 2008 година.
А неодамна, за време на празникот Ден на благодарноста, 53-годишната пејачка сподели фотогафија на која е платинесто русолоса, и напиша: Велат дека русокосите повеќе се забавуваат!