Во текот на гостувањето во ток-шоу, холивудскиот актер Џорџ Клуни откри дека неговите тригодишни деца зборуваат течно италијански јазик.
59-годишниот актер во средата беше гостин во популарното ток-шоу „Џими Кимел лајф“, каде што го промовираше претстојниот научно-фантастичен филм на Нетфликс, „Полноќно небо“.
Кимел го праша Клуни како се чувствува со Александар и Ела и сопругата Амал Клуни (42). „Kако е да имаш тригодишни близнаци?“ го запраша.
„Да, малку е лудо“, одговори Клуни, лежерен, опуштен и духовит, но и мажествен во црна кожна јакна над црна маица и сини фармерки.
„Направивме навистина глупава работа. А тоа е што тие зборуваат течно италијански на три години, но јас не зборувам италијански и мојата сопруга не зборува италијански “, рече Џорџ.
„Смешно е. Ги вооруживме со јазик. Кога ќе им кажам: Вратете се во вашата соба и исчистете ја! Тие одговараат: E, папо стронцо… а јас е, што?“
Клуни рече дека самозилоцаијата ја поминуваат во Лос Анџелес сите заедно, и дека неговата канцеларија е претворена во детска градинка.