ТФТ го претрпе вториот пораз во БИБЛ-лигата

Македонскиот кошаркарски прволигаш ТФТ го претрпе вториот сезонски пораз во регионалната БИБЛ лигата и тоа на гостувањето во Црна Гора кај Ибар Рожаје. Двата клуба поделија по две четвртини, но домаќините беа повеќе расположени во нивните периоди посебно во вториот кој го реализираа со 37-15 со што се покажа како клучен за победата на оваа средба.

Комплетната петорка кај клубот од Црна Гора беше двоцифрена, најрасположен беше Хот со 26 поени на кои додаде 6 скока и 3 асистенции. Кај ТФТ блескаше Херис со 30 поени, 3 скокови и 4 асистенции, додека пак Шелман застана на 14 кошеви.

Составот од Тафталиџе сега има учинок од две победи и два порази во ова натпреварување, следен предизвик е дуелот со Академик од Бугарија.

Треба да знаете
Последни објави