На 01.12.2020 од страна на Единицата за интервентна полиција е лишен од слобода А.Ф.(37) од Скопје, за кого е распишана потерница од Одделението за криминалистички работи Гази Баба, поради сомнение за сторени повеќе кривични дела тешки кражби во викенд куќи на подрачјето на Гази Баба.
Од страна на Одделението за криминалитсички работи Гази Баба расчистени се 9 кривични дела тешки кражби, во викенд куќи, со материјални докази.
Со кривична пријава по брза постапка пријавениот А.Ф. е спроведен на распит пред дежурен Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје.
По распитот, А.Ф. е спроведен кај судија на претходна постапка во Кривичниот суд Скопје и по изведените докази нему му е одредена мерка притвор.