Претседателот на Граѓанската опција за Македонија која е дел од коалицијата „За обнова на Македонија, Стевчо Јакимовски на протестот пред македонската Влада, порача дека во овие ладни денови се собираат за да го спречат националното предавство кои што неколкумина во Владата сакаат да го направат на Македонија и на македонскиот народ.
Тој ги повика сите граѓани на Македонија да се обединат и да се сплотат за да го спречат премиерот Зоран Заев во распродавањето на македонските национални обележја, толку повеќе затоа што уште при крајот на Втората светска војна, Бугарија сакаше да спроведе попис на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија да го даде на Југославија Округот на Благоевград затоа што Бугарија не го сметала за нивна, и нас Македонците не сметала за паричка за поткусурување.
Јакимовски истакна дека со Бугарите не може да се преговара за историја затоа што тие историјата ја толкуваат како сакаат во зависност од околностите, како на пример кога требаа да платат репарација за окупацијата на Македонија тие го даваа и Цар Самоил дека е македонски Цар, за Заев сега на тацна го направи бугарски.
„Тоа само кажува како им одговара, така си ја толкуваат историјата. Кога требало да плаќаат 25 милиони долари репарации, само за окупацијата на Македонија, што денеска е еквивалент на 25 милијарди долари. Пиринска Македонија ја давале да се приклучи кон Југуславија затоа што не ја сметале за нивна, секогаш нас Македонците не сметале за своја монета за поткусурување“, рече Јакимовски.
И денеска, додаде тој, овој човек што е на власт во Република Македонија, со ваквиот однос, со ваквиот сервилен став, со неговите попуштања ќе направи голема беља на Балканот, затоа што сите земји ќе се замешаат и ќе ги поставуваат како услов историјата за да не може овој Балкан никогаш да се интегрира.
„Штетата која што ја предизвикува Социјалдемократскиот сојуз не е само македонска туку е и балканска. Затоа ве повикувам сите граѓани на Република Македонија без разлика на вера, нација и политичко убедување, да се обидиниме и да покажеме сила и да ја одбраниме Македонија“, повика Јакимовски од пред Влада.
Тој рече дека лажат кога велат дека не се преговара за идентитетот и за јазикот, но не преговараат за од 1944 наваму, но преговараат за македонскиот идентитет и јазик до 1944 година.
„Очекувам во наредниот период протестите да се зголемуваат и покрај тоа што распродавањето го прават во време на корона, еднаш ова го правеа на најсветлиот ден за македонскиот народ, на ден Илинден кога сите се на одмор го потпишуваат најсрамниот договор за Македонија“, рече Јакимовски, кој додаде дека тој е длабоко убеден дека со чепкањето во историјата, ова ќе биде неговиот крај не само на Зоран Заев туки и на Социјалдемократскиот сојуз.