Во Италија во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 814 лица, што е намалување во споредба со претходниот ден, кога беа регистрирани рекордни 993 смртни случаи.
Бројот на новозаразени е малку поголем од вчера и изнесува 24.099.
Од почетокот на епидемијата во Италија биле заразени 1,68 милиони луѓе, а 58.852 починале.