Иако ги избегнува скандалите, сепак ја следат – Ова е спортистот поради кого Јована Јоксимовиќ го остави Жељко

До скоро популарната ТВ водителка Јована Јоксимовиќ мораше да ги спакува куферите од ТВ „Прва“ и поради своето непрофесионално однесување, како што рекоа тогаш од споменатата телевизија, таа си замина како никогаш да не работела таму. Сепак, се чини дека Јована се помири со фактот дека повеќе нема да ја гледаат на некој од ТВ каналите со национална фреквенција, бидејќи како што пишуваа медиумите, никој од тие телевизии не ја сака, барем не за условите што ги имаше на ТВ „Прва“, поточно за месечна плата од 10.000 евра.

Сега Јована Јоксимовиќ ќе биде водителка на утринската програма на К1 телевизија која е во сопственост на нејзиниот сопруг Жељко. Програмата ќе ја води заедно со Мања Грчиќ, па и двете направија заедничко интервју, во кое си поставуваа една на друга прашања. Во еден момент, Мања ја праша Јована каков е нејзиниот сопруг Жељко Јоксимовиќ како шеф и претпоставен:

„Многу бара, многу, ептен многу бара“, одговори Јована со изнудена насмевка.

Иако во текот на нејзината кариера сакаше да ги избегне скандалите, тие секогаш ја следеа. Секако, најзабележителен во нејзиниот живот беше оној од 2011 година кога ја раскина свршувачката со Жељко Јоксимовиќ, со кого тогаш беше во врска три години, а после тоа започнаа гласините дека е во шема со оженет маж.

Ни помалку ни повеќе со некогаш познатиот кошаркар, сега познат кошаркарски тренер и српски селектор Александар Саша Ѓорѓевиќ. Гласините дека биле заедно ги поттикна и информацијата дека Јована, тоагаш госпоѓица Јанковиќ, престојувала во Италија со прославениот кошаркар, а папараците ја сликале на аеродромот по враќањето од Милано.

По бурата што ја создаде оваа приказна во медиумите, Јована негираше дека била во шема со Ѓорѓевиќ, а набргу потоа му се врати на поранешното момче Жељко Јоксимовиќ и му стана сопруга, иако само неколку месеци пред тоа им соопшти на медиумите дека нивната љубов згаснала!

Преземено од Убавина и Здравје
Треба да знаете
Последни објави