GEN-I ќе им нуди на корисниците електрична енергија без СО2
Климатската криза е најголемиот предизвик за човештвото. Ако сакаме да ја заштитиме нашата планета и да им овозможиме на идните генерации да живеат во што е можно поздраво опкружување, мора да дејствуваме веднаш. Во GEN-I сме свесни за нашата одговорност кога станува збор за преминувањето кон зелена иднина. Ние сме посветени на деловно работење без јаглеродни емисии во иднина, без фосилни извори на енергија. Ние веруваме дека секој од нас може да придонесе за зелена трансформација. Сега е време да се дејствува во битката против климатските промени. Затоа, во јануари, за првпат во Словенија, ќе започнеме со снабдување на потрошувачите исклучиво со електрична енергија од еколошки извори без јаглерод. Во 2021 година, GEN-I, како најголем снабдувач во Словенија, ќе ги снабди своите потрошувачи во секторот домаќинства и на деловните корисници со повеќе од 3 150 милиони kWh електрична енергија. Бидејќи ќе ги снабдуваме сите наши клиенти со електрична енергија без СО2, ќе го намалиме нивниот јаглероден отпечаток за 1,65 милиони тони СО2 годишно во споредба со 2019 година. Според јавно достапните податоци, годишниот јаглероден отпечаток на просечно домаќинство е околу 6 тони СО2. Со нашата понуда, ќе го намалиме јаглеродниот отпечаток во просек за 2,5 тони годишно за 40 проценти од сите словенечки домаќинства.
“Во GEN-I го прифаќаме нашиот дел од одговорноста за трансформација кон зелена енергија. Први понудивме можност за самоодржливост со соларни централи пред неколку години, а сега одиме чекор понатаму. Ние сакаме да им обезбедиме на сите наши клиенти можност да направат нешто за нашата планета на навистина едноставен начин. Убеден сум дека сончевата енергија е најчистиот избор за иднината. Затоа, за првпат, меѓу другото, ќе им обезбедиме на корисниците снабдување со електрична енергија што ќе биде 100% произведена од сончева енергија. Како најголем снабдувач во словенечкиот енергетски сектор, ние мора да бидеме пример за другите. Не треба да се чека на општество без СО2 до 2050 година. Можеме да го сториме тоа и порано“, рече претседателот на Управниот одбор на GEN-I, д-р. Роберт Голоб.
“Нашите потрошувачи секогаш се на прво место. Долги години им нудиме квалитетно снабдување со енергија по најпристапни цени. Сега сакаме да им покажеме дека снабдувањето со енергија без СО2 повеќе не е луксуз, туку одлука за општо добро што секој може да си ја дозволи. Декарбонизацијата може да се постигне по споредливи цени на електричната енергија“, заклучи д-р Голоб.
Групацијата GEN-I е веќе водечки промотор на зелена трансформација во Словенија и регионот. Досега инсталиравме повеќе од 2 000 соларни централи во Словенија за индивидуална самоодржливост, ја инсталиравме првата самоодржлива соларна централа во станбена зграда во Јесенице и првата самоодржлива заедница со ОИЕ во Будање кај Ајдовчина. Повеќе од десет години, ние сме водечки купувач на енергија од дисперзирани обновливи извори. GEN-I е првата компанија во Словенија која издаде зелена обврзница. Во Северна Македонија, GEN-I ќе започне со изградба на нашата прва соларна централа, чие годишно производство ќе биде скоро 25 000 MWh. Ние учествуваме во развојот на технологиите за прилагодување на потрошувачката на мали корисници и спроведуваме пилот-проекти. Со нашето знаење и поставена инфраструктура, обезбедуваме зголемување на самоодржливост, поефикасно користење на енергијата, паметно управување со енергијата и елиминирање на јаглеродниот отпечаток во потрошувачката на корисниците.