Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од тетовско Жеровјане порача дека низ цела држава сериозни санкции ќе има за оние кои мислат на профит пред заштитата на здравјето согласно мерките за Ковид-19.
Тој искажа благодарност до мнозинството граѓаните кои ги почитуваат мерките.
-Тоа се 90 проценти од граѓаните во државата кои почитуваат. Десет проценти имате секогаш што мислат дека најмногу тие знааат и само тие го прават тоа што треба да се прави. За тие има санкции. Секојдневно не само што затвораме и растураме семејни веселби, туку поднесуваме кривични пријави и за тие ќе има одговорност, нема да има толеранција. Секаде дали во Тетово, Куманово, Скопје, источна Македонија секаде каде што има такви состојби, рече Спасовски.
Непочитувањето на мерките за заштита од Ковид-19 ќе резултира со сериозни санкции, порача првиот човек на полицијата.
-Има состојба каде граѓаните не можат да разберат, тие сопственици на ресторани не можат да разберат дека здравјето и животот се поважни отколку да земете профит од таа веселба и за тоа ќе има сериозни санкции. И кога бев претседател на Влада истканав дека времето на вакви здравствени кризи не е време кога треба да се остварува профит од било кого. Сега е моментот кога сите заедно треба да го сочуваме здравјето и да преживееме и понатаму да создадеме можности економијата да се врати во полн план, истакна Спасовски.
Апелираше сите да ги почитувата мерките за заштита на здравјето.