Бразилскиот топ модел Алесандра Амброзио се упати на својата омилена дестинација Флорианополис со своето момче, италијанскиот моден креатор Николо Оди, и синот Ноа.
Поранешниот ангел на „Викторијас сирет“ а сега дизајнер на костими за капење изгледа беспрекорно додека ужива во излет на плажа во родниот Бразил со партнерот и со синот.
Атрактивната Бразилка (39) беше забележана во крајбрежниот град Флорианополис, во ѓумбир кафеаво бикини од својот бренд костими за капење „Гал Флорипа“.
На себе има и сребрен ѓердан, темни очила за сонце, сламен шешир и светло сина марама додека е на песокот, покрај Оди, основач на модниот бренд „Алануи“.