Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест „Оставка на Заев, слобода на народот“ кој се одржа пред Министерство за надворешни работи рече дека се собрани пред МНР затоа што треба да си го зачуваме идентитетот затоа што на власта не и гајле за тоа.
-Човек кој нема идентитет не може да го зачува идентитетот на македонците. Видете му го идентитетот на Никола Димитров и се ќе ви стане јасно зошто не може да го зачуваат идентитетот на македонскиот народ. Токму така затоа сме тука за сами да си го зачуваме идентитетот затоа што на нив не им е гајле. Само им е важна фотелјата, бизнисот и ништо друго. Видете им ја историјата на овие политичари кои што во моментов преговараат со Република Бугарија и се ќе ви стане јасно. Видете му ја историјата на Зоран Заев, и што има тој направено криминал, криминал и само криминал, човек со таква историја не може да ја одбрани историјата на Република Македонија затоа не им е важен ниту Гоце Делчев, ниту Раде Јовчевски Корчагин, ниту Питу Гули, истакна Арсовски.
Арсовски во своето обраќање посочи дека со назначувањето на Владо Бучковски за специјален претставник на Република Македонија нема ништо да реши и не може таков човек да биде специјален претставник на Македонија
Овие луѓе само го продлабочуваат проблемот. Сега откако назначија уште еден специјален претставник на Република Македонија за преговарање верувајте дека уште повеќе нема ништо да се реши. Значи не може таков човек да биде специјален претставник на Македонија. Тој да сакам имал шанса и ќе го решел тоа од 2006 година.
Портпаролот Арсовски на крај порача дека не смееме да се откажеме и дека во најбрз момент Зоран Заев треба да си замине од власт
Затоа не смееме да попуштиме и не смееме да се откажеме. Она кое во најбрз момент треба да се случи е да падне Зоран Заев, а ние до тогаш остануваме на блокадите, додаде Арсовски.