Високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Бaшеле ги повика белоруските власти да ги ослободат сите лица кои биле незаконски уапсени на протестите по изборите.
Изборите се одржаа на 9 август, а на нив победи Александар Лукашенко.
Бaшеле повика на истрага на околу 2.000 жалби за тортура или малтретирање во единиците за притвор, објави „Ројтерс“.
Повеќе од 900 лица, вклучително и опозициски кандидати, адвокати, новинари и активисти, се соочуваат со кривични пријави за учество во масовни протести, рече Бaшеле пред Советот за човекови права во Женева.