„Глас за Македонија“: Поддршка на Македонскиот манифест на МАНУ, МПЦ-ОА и УКИМ

Нашите црвени линии во спорот со Република Бугарија и со кој било ирационален спор во иднина кој зафаќа во нашиот автохтон идентитет и јазик се исцртани единствено во сериозните општествени и хуманистички науки, во светската и наша лингвистика, во нашата религиска традиција и културна меморија. Само тие сведочат со аргументи и проверливи факти за единственоста, просторниот и временски континуитет на македонскиот посебен идентитет и македонскиот јазик, велат „Глас за Македонија“.

„Нашите црвени линии се поставени и на линијата на меѓународното право каде што врвна норма е правото на самоопределување на секој народ.

Да не дозволиме политички партии поради себеоддржување, на сила, со историски погубни постапки, со крајно сомнителни личности вклучени во преговарачкиот процес, да излезат надвор од општо прифатените научни, културолошки и меѓународни норми. За нашиот идентитет и за сите негови атрибути, вклучително јазикот, за нашите малцинства надвор од границите, не смее да се преговара. Тие се реалност и никако не смеат да бидат предмет на уцени.

Нашиот пат кон ЕУ не смее да биде оптоварен со бесмислени уцени. Тој пат се изодува единствено со почит на цивилизациските норми и вредности. Со нив не смее да има никаков компромис.
Ниту анекс-договор, ниту патоказ за имплементација за Договорот со Република Македонија, дури ни референдум за овие прашања не прифаќаме. Нема да дозволиме инженеринг на нашата нација, историја, јазик и култура“, додаваат од партијата.

Треба да знаете
Последни објави