Соопштение за јавност – реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
Нервозата кај хистеричниот Христијан Мицкоски кулминира затоа што протестите му се фијаско во кое никој веќе не учествува, особено откако целосно ја разобличивме антимакедонската и антиевропска кампања на ВМРО-ДПМНЕ. Говор на омраза, ширење поделби меѓу граѓаните, ниско ниво на комуникација полно со невистини, лаги, навреди, се единствени теми на кои е посветен хистеричниот Мицкоски.
Како што лажеа дека со Договорот од Преспа ќе се изгубел македонскиот идентитет, како што лажеа дека викендов ќе се распрачувала државата, денеска Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ лажат дека наводно ќе се менувала историјата.Уште еден залуден обид на ВМРО-ДПМНЕ и хистеричниот Мицкоски преку клевети и навреди да внесат поделби меѓу граѓаните.
Граѓаните знаат, за јазик, за идентитет, не се разговара.
Она што треба да се менува е антидржавниот, антимакедонски однос на ВМРО-ДПМНЕ на штета на државните и национални интереси.
Никој не се откажува од македонските херои, од АСНОМ, тоа се глупости и клевети, но ВМРО-ДПМНЕ треба да се откаже од блокадите, деструкцијата со која им наштетува на граѓаните.