Градските власти на Неапол, донесоа решение стадионот „Сан Паоло“ да се преименува во чест на неодамна починатиот фудбалски мајстор кој своевремно го носеше дресот на Наполи и го предводеше до трофеии – „Диего Марадона“. На ваквата одлука со писмо се побуниле дел од католичките свештеници кои не сакаат да се тргне името Сан Паоло, нудат компромисно решение, да се додаде Марадона на веќе постоечкото име.
„Стадионот „Сан Паоло“ треба да се вика по светецот кој го донесе Исус. Со понизност чувствуваме дека ова треба да Ви го кажеме. Би било добро да се преименува во „Сан Паоло – Марадона“, како што е во Милано – „Сан Сиро – Меаца“. Тоа е компромис како да ја спасиме верата и да му оддадеме почит на шампионот каков што беше Диего“, велат свештениците.
Под писмото се потпишале. Дон Салваторе Џулијано, Дон Луиџи Мерола, Дон Кармине Амора, Дон Лело Понтичели и Дон Армандо Санино.