Полиција со заштитна медицинска облека била принудена да интервенира во ковид-центар во комплексот клиники „Мајка Тереза“, поради тоа што на 3 декември пациент агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал.
Било констатирано дека пациентот е 60-годишниот С.В. од Куманово, кој не сакал да ги пушти медицинските лица да влезат во неговата болничка соба.
По полициската интерценција лицето се смирило, а службениците направиле записник за констатиран прекршок по член 4 од ЗППЈРМ.
Кумановецот ќе остане на понатамошно лекување во центарот.