Еден од кандидатите за нов претседател на шпанскиот фудбалски гигант Барселона е Жаон Лапорта, поранешен прв човек на трофејниот тим од „Камп Ноу“. Лапорта беше на чело на Барселона кога клубот нижеше успеси и освојуваше трофеи. Тој важи за главен фаворит да стане старо-нов претседател на изборите кои се најавени дека ќе се одржат на почетокот од идната година.
Една од главните цели на Лапорта ако ја добие довербата ќе биде да го задржи во редовите на Барселона Лионел Меси кој ги одработува последните месеци од актуелниот договор со клубот и на лето ќе може да си замине како слободен играч. Лапорта верува дека ако ја добие довербата дека ќе направи се што е потребно Аргентинецот остане на „Камп Ноу“.
-Лео ја сака Барселона. Сакам да му ја вратам среќата. Не станува збор само за пари, туку мора да создадете конкурентен тим. Меси беше измамен и тоа е голема загуба. Тој е победник и не може да гледа како другите екипи го креваат трофејот од Лигата на шампионите. Последен пат разговарав со него во октомври. Многу сум му благодарен за сè што направи за Барселона. Го познавам од неговата 16 година и тој е извонредна личност. Постои меѓусебно разбирање и почит. Лео сака да има тим кој ќе ја врати радоста. На тим како Барселона му е потребен тимски дух во соблекувалната. Јас бев претседател на Барселона и не сакам да дестабилизирам тим во деликатна ситуација – порача Лапорта, кандидатот за нов претседател на Барселона.