Нема никаков напредок на денешната средба на македонско-бугарската комисија за историско и образовни прашања меѓу двете земји.
Копретседавачот на бугарската комисија, Ангел Димитров рече дека на денешниот состанок имало нула напредок.
Треба да констатирам дека единаесеттата средба е нула. Нема направено дури ни минијатурен чекор, но веќе е јасно дека некои многу суштински разлики оваа средба ги потврди, рече Димитров.
Драги Ѓоргиев, копретседавачот со македонската комисија, потврди дека нема напредок во денешните преговори.
– Средбата помина во една акдемска атмосфера во една плодна дискусија, која за жал не донесе никакви резултати. Постојат два записника кои не се потпишани и тука главен проблем е употребата на придавката македонски . Има различно толкување на Преспанскиот договор, според бугарските колеги употребата на придавката македонски е лимитирана целосно, рече Димитров.
Без резултат завршила и точката за Цар Самоил, според Димитров, македонската страна отстапувала од веќе подготвен заеднички текст. Според Ѓоргиев, главен проблем билот тоа што се избегнува една мултиперспективност во учебниците по историја и идејата да се наметне едно решение.